Референдум за името ќе има и за мене тоа е затворено прашање. Без референдум, без граѓаните да се изјаснат за евентуалното предлог-решение не постои можност да се реши проблемот со името, истакнува премиерот Никола Груевски во интервјуто за дописникот на МИА од Брисел дадено пред заминувањето за Хаг каде што денеска треба да се сретне со Јохан Тарчуловски.
Се насетува некое решение з а проблемот со Грција вели во интервју за BBC македонскиот Претседател Ѓорге Иванов. Тој останува на ставот дека треба да има реферндум за името но остава простор доколку се дојде до решение кое ќе го задоволи мнозинството од граѓаните да се бара и друг начин на одлука.
Изнаоѓањето заемно прифатливо решение за прашањето за името во процесот што се води под покровителство на ОН останува есенцијално и за Македонија и за Грција, истакнале премиерите на двете земји Никола Груевски и Јоргос Папандреу на денешната прва меѓусебна средба, одржана на маргините од состанокот на Советот на ЕУ во Брисел.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу на денешната прва средба со македонскиот премиер Никола Груевски во Брисел ја прецизирал позицијата на Грција во однос на прашањето за името и за можноста за отпочнување на преговорите за членство на северниот сосед во ЕУ, јави агенцијата АНА-МПА.
Македонските политичари не треба да забораваат кон какви заеднички вредности сакаат да се присоединат, за што се декларираат, како што се членството во ЕУ и НАТО.
Европската комисија за следниот месец го подготвува извештајот што ќе ја одреди европската иднина на Косово, пренесува денеска приштинскиот весник „Коха Диторе“, истакнувајќи дека во Брисел, поради поделбата на членките на Унијата околу независноста на Косово, се слушаат сигнали дека овој документ нема да донесе ништо радикално ново.
Високиот претставник за Босна и Херцеговина (БиХ) Валентин Инцко го извести главното тело на Европската унија за надворешна политика дека политичката ситуација се влошува и оти не се спроведува ништо од потребните реформи.
Љубљанскиот договор меѓу Јадранка Косор и Борут Пахор за деблокада на хрватските преговори со ЕУ и решавањето на хрватско-словенечкиот граничен спор, е во опасност и во Словенија и во Хрватска.
Aмериканскиот претседател Барак Обама повика на брзо обновување на мировните преговори меѓу Израелците и Палестинците. Обама вчера во Њујорк се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со претседателот на Палестинците, Махмуд Абас.
Извршниот совет на УНЕСКО ја избра Бугарката Ирина Бокова за Генерален директор на УНЕСКО, наспроти фаворитот-контраверзниот египетски министер за култура Фарук Хосни.
Ако спорот за името се реши со географска одредница, тоа значи дека никој нема право да бара монопол врз историјата на регионот, идентитетот, симболите.
Терористите можат да користат оружје за масовно уништување во нападите врз кој и да е поголем град во светот уште во 2013 година, се наведува во вчера објавениот извештај од раководителите на Комисијата за спречување на ширењето на оружје за масовно уништување и на тероризмот при Конгесот на САД, Боб Грем и Џим Телнт.
Неопходни се посинхронизирани активности на Невладиниот сектор и другите локални иниституции во Дебар во бообата против трговијата со луѓе. Реализирани се проекти околу оваа проблематика, но потребна е поголема координација на сите фактори, оценуваат надлежните.
Пред реизборот на Барозо за претседател на ЕК, околу него се разви широка дебата меѓу шефовите на држави и влади и Европскиот парламент. Затоа Португалецот долго мораше да се бори за поддршка. Дали конечно успеа?
Преземете ја RSS верзијата на вестите на PressOnline ...............................
И с т р а ж у в а ч к о н о в и н а р с т в о ...............................