прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

6.9.2010  
 Македонија
 Балкан
 Европа
 Свет
 Архива
 2008
 2007
 2006
 2005

Борисов: Македонските политичари да не забораваат кон што се стремат

Македонските политичари не треба да забораваат кон
какви заеднички вредности сакаат да се присоединат, за
што се декларираат, како што
се членството во ЕУ и НАТО.

Ова, по пристигнувањето во Брисел, го изјави во четврток бугарскиот премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски за време на посетата на Австралија, во која повикува Македонците да не се делат на Егејци, Вардарци и Пиринци.

„Веднаш им кажав на нашите соседи во Македонија, дека на патот по кој тргнале – кон ЕУ и НАТО, треба да прочитаат какви се вредностите што се негуваат таму, а тоа е Европа без граници, Европа на добрососедство, Европа, каде конфликтите не се решаваат со слични изјави, туку со преговарање, со мир, со разбирање, со толеранција“, рече Борисов.

Бугарскиот премиер соопшти дека албанскиот премиер Сали Бериша побарал средба со него, на која двајцата ќе ги разгледаат изјавите на Груевски.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................