faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

5.11.2011  
 Arkivi
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005
Еднаш, многу одамна, пред точно 380 години, во дворецот Костело, си живеела убавата и мудра принцеза Милка…
Еднаш, многу одамна, пред точно 380 години, во дворецот Костело, си живеела убавата и мудра принцеза Вјолца…
Приказната за дворецот Костело ја знаат многу деца, но Марко, Кристина, Илина, Симе и нивните другари ја знаат само приказната за принцезата Милка, додека пак Шпреса, Луан, Сафет, Теута и нивните другари ја знаат само онаа за Вјолца. Очигледно, двете принцези живееле во исто време и на исто место и логично е заедно да си играле, да се карале, да се смееле, да се шетале, и за исти работи да јаделе ќотек и да плачеле, но никој не знае за тоа. Едните мислат дека дека Милка била единствената принцеза која си играла, се смеела.., а другите дека тоа и се случувало само на Вјолца.
Оваа книга треба да им помогне на читателите да ја запознаат и Вјолца и Милка и да дознаат што им се случувало на двете во истиот дворец.