прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Албански дипломи се добиваат за неколку часа

Во Албанија сите можат да дипломираат дури и за неколку часа. Одненадеж можеш да се појавиш со диплома за политички науки, економија, право, инженерство, во некоја од гранките што ти треба, природни науки или филологија, па дури и медицина. Тоа е како еден пазар на црно, каде што е доволно да го пронајдеш вистинскиот човек и ќе ја добиеш стоката што ја бараш. Има стотици вакви дипломирани Албанци на целиот Балкан, во институциите или во приватните фирми, на тие места за кои овие лица пројавиле интересирање. Таму каде што се појавуваат тие се претставуваат со дипломи, кои носат печати и потписи на Универзитетот од Тирана или на други универзитети од Албанија. И тие работат на тие места што ги посакуваат, аплицираат дури и во државни институции како во администрацијата или во полицијата.

Кај „Патот за Каваја“

Во тој случај, се да ти било лесно. Но, каде да најдеш фалсификувана диплома? Како можеш да стигнеш кај некој од „мајсторите“? Го прашувам мојот извор, а тој ми вели дека не познава некој директно, но чул од негов познаник дека има еден човек со измислено име, на возраст од околу 37 години, кој може да ти обезбеди диплома иста како оригиналната со потписи и печати од кој универзитет и да посакаш. Велат дека тој е мајстор и дека за документите што излегуваат од неговата рака, тешко може да се открие дека се фалсификат.

Дознав дека тој има една нелегална канцеларија на улицата „Патот за Каваја“. Дознавам дека во центарот на Тирана, овој мајстор на фалсификувањето се уште „наоѓа работа“ и ги „помага“ неговите клиенти со фалсификувани документи. Но, освен со него, преку други посредници на истата улица, може да контактираш и со други двајца фалсификатори. Мојот извор ми дава до знаење дека на „Патот за Каваја“ своја база кренала и една нова мрежа фалсификатори. По се изгледа тука биле отсекогаш и не биле под закана од полицијата, па се чини како да пуштаат корен.

Луѓето што ги прашувам ми велат дека фалсификаторите во последно време се повлекле и покажуваат извонредна претпазливост. Помпезните апсења и објавите за уништување до последен на сите видови на трафиканти што фалсификуваат документи во главниот град, направија повеќето од нив да престанат со оваа активност или да ја развиваат во потполна тајност, со десетпати поголема претпазливост и без оставање траги.

Се чувствуваат нападнати и под постојана истрага. Но, мојот извор вели дека може да се најде начин за да се обезбеди диплома од нив. Сигурно преку трето или четврто лице. Средбата со нив е невозможна. Му велам да праша за цената на една фалсификувана диплома. А тој ми вели дека таа зависи од „мајсторот“ што ќе го одбереш. Ми вели дека не сите се од исто ниво. Некои од нив фалсификуваат толку мајсторски, што дури и самите ректори или декани не им веруваат на своите очи кога ќе си ги видат потписите.

Застанувам тука. Поупатно би било да сретнам некој оштетен од овој чуден и доста профитабилен бизнис. А велат дека за овие три години најоштетениот е Шезаи Рокај, ректор на Универзитетот во Тирана, чие име и потпис често пати биле употребувани во документи, за кои тој воопшто не ни знае дека постојат.

Ректор под закана

Речиси постојано е под нивна закана. Никогаш не може да знае кога еден фалсификатор може да го стави неговиот потпис на некоја диплома. Тој не ни може да го предвиди моментот кога некој ќе затропа на неговата врата, подавајќи му досие и прашувајќи го сомничаво: „Ова е ваш потпис, господине ректор?“.

Професор доктор Шезаи Рокај е именуван за ректор на Универзитетот во Тирана во 2003 година. Тоа е време на кулминација на фалсификаторите во Тирана. Тој вели дека уште во првата година од неговото стапување на таа должност во канцеларија му дошла делегација од Македонија, која побарала потврда на веродостојноста на неговиот потпис на една диплома. Отпрвин изненаден, штотуку именуваниот ректор, разбрал дека влегол во една комплицирана историја.

- Тие беа во право. Со многу апликации на Албанци што барале работа во Македонија биле поднесени дипломи за наводно завршени студии во Универзитетот во Тирана, при што ги употребиле нашите потписи.

Меѓу овие апликации, според него, имало многу случаи каде што бил фалсификуван потписот, но и случаи каде што потписите се точни, но документите не се автентични.

Рокај објаснува дека прашањето на фалсификуваните документи може да се подели во два главни правци. Едниот од нив тој го нарекува институционална вина.

- Има случаи кога институцијата има еден корумпиран елемент во својата администрација. Тој може за поткуп да пушти еден документ, а како последица на тоа целата институција влегува во текот на директната или индиректна корупција. Доколку еден студент побара документ за преместување, а секретарката издаде нереална потврда за оценките, природно е потврдата да ја потпишат деканот, раководителот на одделот, или сите инстанци каде што поминува овој документ. Во овој случај се работи за тоа што се нарекува институционална чесност, сериозност и п��светеност на повиканиот државен службеник. Такви работи ни се случуваа често во нашите институции. Но, откако се забележани, ние ги презедовме потребните мерки, вели професор Рокај.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................