прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Автоматските пушки останаа во Арачиново

Арачиново останува на првото место по бројот на нелегално оружје кај населението, и покрај мерките што ги презема полицијата за да стави ред во ова скопско село, кое го бие глас дека е засолниште на криминалци, шверцери и дилери.

Сунчица Стојановска

Иако командантите на поранешна ОНА кои живеат во Арачиново велат дека го предале целото оружје, помладите жители го тврдат спротивното.

- Имам еден кинески калашников, револвер ТТ и уште некои ситници. За ништо немам дозвола - вели 28-годишен жител на Арачиново.

Кога зборува, го затнува носот и го менува гласот, бидејќи не знае каде може да заврши снимката. Се плаши од затвор.

Тој вели дека оружјето е лесно достапно.

- Го купив од некои лица во селото. Лесно е да се најде оружје, а не е ни скапо. Никогаш нема да го предадам. Не верувам во полицијата, ми треба за самоодбрана - вели соговорникот.

Пред слаткарницата „Ринка“ во центарот на селото седат шест мажи. Сите биле припадници на ОНА. Со нив е и нивниот поранешен командант.

- Го предадовме оружјето, сега не ни треба. Ако притреба, можам да набавам во секој момент. Дајте пари, веднаш ќе ви донесам оружје од Србија, Бугарија или од Косово - вели командантот.

Тој ги знае каналите на нелегалната трговија, но одбива да зборува за нив.

- Од искуство зборувам, барајте оружје во власта. Никој не може да препродава оружје без да биде поврзан со власта - вели тој.

Во полицијата велат дека околу селото наоѓаат автоматски пушки, пиштоли и бомби останати од конфликтот. Оружјето што го наоѓаат е скриено во ниви, штали или куќи.

- Уште има нелегално оружје, но има и напредок. Од 2003 година никој во Арачиново не се шета јавно со пиштоли - велат полицајците од мешаната патрола.

Во невладините организации велат дека во ова село е скриено најмногу од нелегалното оружје.

- Арачиново е полно со оружје, и покрај сите „жетви“ и амнестии. Станува збор за воено оружје што не може да се регистрира. Има најмалку 300 пушки, доволни да се опремат две до три чети - вели Андон Давчев, потпретседател на Националната асоцијација за оружје.

Оџите и учителите предаваат разоружување

Оџите, учителите и женските невладини организации во Арачиново го убедуваат населението да се разоружи. На овој начин се влијае врз свеста на жителите за опасноста од оружјето.

- Ваквите мерки покажаа резултат, последните три години пукањето се намали. Таму каде не успева укажување, употребуваме и сила - велат полицајците од Арачиново.

Полицијата бара начин да ги намали пукотниците за време на веселби. Пред свадба го викаат домаќинот во станицата во Арачиново и го предупредуваат дека тој одговара за однесувањето на гостите. Ако гостин извади оружје, кривична пријава добива домаќинот на свадбата.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................