прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Во Бугарија дипломи се продаваат на кило

За два месеца новинарското истражување, бугарскиот весник „Политика” откри повеќе од десет канали за производство и дистрибуција на фалсификувани дипломи за средно и за високо образование. Материјалите и се дадени на Националната служба за борба со организираниот криминал, која веќе работи на нив. За разлика од антимафијашите, во Министерството за образование и наука не покажаа никаков интерес за истражувањето на „Политика”, бидејќи било време на одмори.

Понудите за лажни дипломи се распространуваат ��лободно на Интернет, каде што можат да се видат слични огласи: „Продавам дипломи за средно и за високо образование”, „Сосема исправни дипломи за средно и за високо образование од училиште по ваш избор”, „Сајт за дипломи”, „Продаваме оригинални дипломи за средно и за високо образование”, „Продавам дипломи за средно и за високо образование, секакви варијанти”. Има и искрени измамници, кои се осмелуваат да побараат 100 лева преку банка, а потоа го менуваат и-мејлот за врска. Тие сметаат на тоа дека купувачите на фалсификувани дипломи стануваат свесни дека го кршат законот и оти нема да одат да се жалат во полиција дека се излажани.

Поврзувањето со „сериозните продавачи” на лажни дипломи се остварува за два дена. На почетокот се зборува со недоречености или се прави соодветна проверка на кандидатот за високо образование. На и-мејлот даден за контакт се пуштаат неколку огласи за продавање имот. Потоа следат заплашувања од страна на модераторот на сајтот „Далавера.нет”, дека од ИП се пуштаат огласи со различни, а веројатно и со непостоечки и-мејлови. Во неколку писма, модераторот заплашува со суд, но веднаш штом ќе се убеди дека „клиентот” е реално лице и има сериозни намери да купи диплома, заплашувањата престануваат. Тоа се случува во текот на еден ден. Следниот ден пристигнува конкретна понуда, во која се наведува цена од околу 2.000 евра за фалсификувана диплома од Универзитет за национално и светско стопанство (УНСС) со специјалност „сметководство и контрола. „Дипломата е нормална и регистрирана. Кога ќе ми кажете од која година да биде издадена, ќе ви ја кажам точната цена и рокот на изработка”, гласи понудата. Потребни се две слики, копија од лична карта и диплома за средно образование. Авансно се плаќа 50 отсто, а другиот дел од износот се дава при добивање на готовиот документ.

Ако не се вмешаат антимафијашите од Националната служба за борба со организираниот криминал, новинарското истражување завршува тука. Репортерот може да отиде на средба и да ја плати бараната авансна сума. Па, во тој случај, тој е веќе соучесник и поттикнувач за извршување кривично дело и на тој начин паѓа под ударите на бугарското законодавство.

Истражувањето на антимафијашите, исто така, е поврзано со редица процедурални барања. Задолжително мора да се најде обвинител, близок до проблемот кој ќе нареди да почне проверката. Но, ако обвинителот процени, како и експертите од Министерството за образование и наука, дека проблемот е незначаен, се смета на случајноста. Таква е практиката во 90 отсто од откриените, во последните години, работилници за дипломи за средно и за високо образование. Вработените во МВР се судираат со нив било од сигнализирање за производство на фалсификувани бугарски и странски документи за идентификација, или покрај фалсификувани странски визи, возачки дозволи, контролни и сообраќајни дозволи за автомобили или лекарски уверенија.

- Немаме големо искуство во откривањето на овој криминал - признава вработен во Националната служба за борба против организираниот криминал.

Меѓу фалсификаторите и Македонци со двојно државјанство
Последниот случај е од 13 јули 2005 година. Уапсена е криминална група од пет лица што изготвувале и што пласирале полн арсенал фалсификувани документи. Организатор на бандата е 49-годишен маж со двојно државјанство - македонско и бугарско. Оваа појава се набљудува во повеќе откриени криминални групи. Тие се состојат од најмалку четири лица, од кои едниот е задолжително со двојно државјанство - македонско, српско или руско. Во овој случај, организаторот има криминално досие и пресуда за фалсификување документи во Македонија. Тој е поранешен раководител во областа на индустријата.

Работилницата за фалсификувани документи била сместена во Софија, во населбата Левски. Важна улога во шемата зазема фирмата за сметководство, ревизорската дејност и даночните консултации „Везилка” ООД. Нејзина директорка е бугарката Снежина Стефанова-Иванова, родена на 26 мај 1962 година. Другите две раководни лица во фирмата се македонците Стојанов Пеце и Стојанов Илија. Станале партнери во 2003 година, кога си ја поделиле сопственоста и ги презеле пасивите на друго пропаднато друштво на Снежина Иванова.

Во групата, активен учесник е и уметникот од градот Тројан, Иван Хаджијски, талентиран и млад, кој тврди дека нема ништо заедничко со останатите. Единствено признава дека се познава со Иванова, која е негова сметководителка. При претресот на домот на негов сограѓанин од Т��ојан, кој исто така учествува во групата, најдено е скришно место со три чанти со фалсификувани дипломи за средно образование со печат и потпис, фалсификат талони, царински декларации со печат и рачно направен малокалибарски пиштол со куршуми. Софтверот на фалсификаторите се одржува од друг учесник во групата, кој живее во градот Плевен.

Во текот на 2004 година, во регистрацијата на „Везилка” ООД настанува промена. Кон предметот на дејноста се додава: „производство и реализација на земјоделска продукција”. Тоа е модерен приод, кој претставниците на сивата економија во Бугарија масовно го користат во последните години. Убиениот на островот Аруба, шверцер и шеф на организирана криминална група Константин Димитров-Самоковецот, кога беше жив, се нарекуваше „производител на компир”. Како земјоделец се запишал и убиениот наркодилер и раководител на бандата за нарачани убиства Антон Милтенов, со прекар Кљуна. Земјоделската мода е начин претставниците во сенка да ги оправдуваат незаконските доходи од криминална дејност.

Дури и димензиите да бидат различни, производителите на фалсификувани документи, исто така, имаат потреба од легитимност на незаконски добиените средства, затоа избираат самите да се осигуруваат како земјоделски производители.

Експертите ги делат лажните дипломи на два вида - фалсификат документи и вистински дипломи, но добиени на незаконски начин. Потешки за истражување се вторите, бидејќи во поголемиот дел тие се поврзани со корупција во соодветната средна или со висока образовна установа. Еден од малкуте случаи стигнал и до суд пред неколку години.

И Германец „магистрирал” по балкански

Во текот на 1990-тите години германскиот граѓанин Рајнер Шуте добива диплома на Техничкиот факултет на американскиот Универзитет во Флорида. Пристигнува во Бугарија и со таа диплома се кандидира за магистер на Европскиот факултет на Рударско-геолошкиот универзитет. Денеска оваа образовна установа е затворена, но за одреден период на време издавала фалсификувани дипломи на килограми.

Универзитетот, од кој Германецот ја добил дипломата, не се смета за легитимен во многу држави, вклучително и кај нас. Под притисок на тогашниот ректор на Европскиот факултет на Рударско-геолошкиот универзитет, Германецот е примен со можност да си го продолжи образованието. По една година тој добива диплома за високо образование со степен магистер, без да знае ниту еден збор на бугарски јазик. Не му било потребно да демонстрира дали има познавање од јазици, бидејќи испитите што ги полагал (вкупно десет) биле фиктивни. Објаснувањето од страна на ректорот е дека имало преведувач кој ги поставувал прашањата и ги преведувал одговорите. Еднаш му успеало, Германецот се обидел да добие и докторат во Пловдив. Но, таму среќата не го послужила.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................