прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Само цврста политичка волја ќе ги разоружи граѓаните

Со цврст политички договор меѓу македонската и албанската партија во власта може да се собере поголемиот дел од стотината илјади парчиња нелегално оружје во рацете на граѓаните, велат во полицијата, невладиниот сектор и во меѓународните организации.

Сунчица Стојановска

- Имаме добар закон и строги казни. Тоа не е доволно без цврста политичка волја на власта. Прво мора партиите да се согласат за разоружување, бидејќи ризикот од полициски акции во поранешните кризни региони уште �� голем - велат во секторот за организиран криминал.

Оттаму посочуваат дека во последно време оружјето помалку се користи за убиства, а повеќе за одредени структури да покажат сила пред избори или други важни политички случувања.

Македонија се наполни со оружје по кражбата на околу 1,5 милион парчиња од магацините во Албанија во 1997 година и по конфликтот во 2001 година. Околу 60 отсто од оружјето украдено во Албанија заврши во Македонија. Оружјето од војната пред пет години остана во рацете на Македонците и на Албанците.

- Размислувавме уште еднаш да седнеме на маса и да најдеме решение за овој проблем. Ги повикуваме политичарите и меѓународниот фактор за поширока регионална акција. Ќе требаат години да се разоружи народот, но тоа мора да се направи - вели Томислав Николовски, поранешен началник на Секторот за недозволена трговија со оружје.

Во акцијата „Неопходна жетва“ во 2001 година беа собрани 3.381 парче оружје, во втората акција во 2003 година беа собрани 7.571 парче. Тоа е премалку споредено со процената дека 170.000 лица чуваат црно оружје под перница.

- За толкаво количество не се доволни само една или две акции. Но за граѓаните да се разоружат е потребно сериозно разоружување. Не мора да се спроведе одеднаш и во цела држава може и етапно. Потребни се повеќе акции за да постигнеме успех во борбата против нелегалното оружје - вели Благоја Марковски од НВО-Балкански форум за безбедност. Џабир Дерала, претседател на невладината организација „Цивил“, предупредува дека државата има голем проблем со нелегалното оружје.

- Апелирам Владата сериозно да размисли за уште една акција за разоружување - вели Дерала.

По војната во Хрватска беа спроведени дури шест акции за собирање на оружјето. По повеќе од две акции имаше во Босна, во Косово и во Албанија. Сепак со сите нив беа собрани околу 22 отсто од нелегалното оружје. Околу 80 отсто се уште се во рацете на граѓаните.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................