прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Во тетовско Вешала нема свадба без истрели

Два истрела од пиштол одекнуваат во воздухот додека се движиме по патот накај Вешала, тетовско село во подножјето на Шар Планина.

Сунчица Стојановска

- Еве ги, почнаа - прокоментира нашиот водич, алудирајќи на пукањата што цело лето се слушаат околу овие села.

Го посетивме Вешала среде јули, кога во полн ек се свадбите на печалбарите.

Тој ден славеше семејство на иселеник во Германија.

- Пукотници има само на свадби. Кога нема веселби нема и пукање. Оружје има во селото, но се чува ��а лична употреба. Оружјето е нелегално, но ние не сме виновни. Луѓето бараат дозволи, полицијата не дава - вели Илир Нуриш, жител на Вешала.

До Вешала се стигнува преку Шипковица и Бродец, регион што важеше за упориште на ОНА. На овој пат во март годинава овчар откри поголем арсенал оружје скриено во нива. Беа пронајдени пушкомитралези, гранати за ракетен фрлач и противтенковски мини. Полицијата соопшти дека оружјето било оставено таму неколку дена откако за него дознале од анонимен повик.

Упатените предупредуваат дека најопасни за безбедноста се сопствениците на нелегално оружје што немаат доверба во полицијата.

- Такви се случаите во поранешните кризни региони. Кај нивните жители има војничко оружје, калашникови и пиштоли. Не го легализираат ни оружјето за кое можат да добијат дозвола, оти немаат доверба во државата и мислат дека сами најдобро можат да се заштитат - го раскажува своето искуство од разоружувањето полковникот Благоја Марковски.

Во полицијата велат дека многу свадби завршуваат со трагедии токму поради употребата на оружје.
- Шест од 11 инциденти минатата година се случиле на семејни веселби. Пукотници се регистрирани и на улици и пред продавници. Во најголем број случаи е пукано од нелегално оружје - изјави Борче Пешевски, портпарол на МВР.

Проблемот со нелегалното оружје се уште е сериозен и покрај генерално подобрената безбедност и намалениот број кривични дела извршени со оружје што граѓаните го поседуваат без дозвола.
Невладините организации се погласно бараат уште најмалку една акција за разоружување, по примерот на државите од поранешна Југославија, каде што беа спроведени и по 6-7 акции за да се собере црното оружје останато по војните на овие простори.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................