прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Во Брест се бранат од волци со пиштоли без дозволи

Секако дека има оружје, вели Хамди Бајрами, познат како командант Бреза, додека не пречекува на тешко проодниот пат накај Брест, планинско село до границата со Косово, оддалечено 30-на километри од Скопје.

Сунчица Стојановска

Веднаш потоа се поправа:

- Не, нема оружје, полицијата се собра. Ако нешто и останало, тоа е за луѓето да се бранат од волци - вели тој.

Бајрами е локален лидер во Брест. Прекарот командант Бреза го доби по учеството во конфликтот во 2001 година. Во ова село полицијата ��ткри најголемо количество оружје во минатата година. Оружјето беше скриено близу неговата куќа.

- Има оружје. Не сме терористи како што не нарекуваат, но можеме да го употребиме. Животот е тежок, државата не ни помага воопшто. Лани дојдоа полицајци, испревртеа се низ куќите, ги преплашија децата. Подготвени сме да се браниме ако некој пак не нападне - вели 25 годишен жител на Брест кој се претстави како Агим.

Во Брест, Блаце и Грушино полицијата лани откри 102 парчиња оружје и 5.695 парчиња муниција. Тоа е рекордно запленето оружје во 2005 година.

Селаните велат дека полицијата одбива да го легализира оружјето. Затоа купуваат оружје на црно. Ригорозните правила за добивање дозволи ја поттикнуваат нелегалната трговија.

- Барав легално да поседувам оружје, но полицијата ме одби. Ретко кој добива дозвола, иако оружјето навистина ни е потребно за да се чувствуваме побезбедни во оваа планина - вели постар жител на Брест.

Благоја Марковски, полковник во пензија, раководител на акцијата за разоружување, вели дека пограничните села душа дале за шверц.

Покрај граница се и Брест и соседното Малино Маало.

- Станува збор за села тешко пристапни за контрола. Населението добро ги познава козјите патеки. Преку нив лесно се шверцува оружје од една територија на друга - вели Марковски.

Во извештајот на Националната асоцијација за оружје по втората акција за разоружување во 2003 година, се констатира дека граѓаните во кризните региони, за кои се претпоставува дека имаат воено нелегално оружје, не зедоа масовно учество во акцијата за разоружување.

„Граѓаните предадоа малку воено оружје, иако тоа беше доминантно во понудата на трговците со оружје токму во тие подрачја. Целосен неуспех имаше во тетовскиот, гостиварскиот, дебарскиот и липковскиот регион“, пишува во извештајот.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................