прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Фалсификаторите се кријат зад консултантски фирми

Со современа компјутерска техника се скенира вистинската диплома и со ист фонд се заменува името на човекот. Се впишува друга комисија, најчесто од непостојни имиња, која донела решение за степенот на звањето, се става лажен број. Тоа е до таков степен професионално направено, што странците (најголем е германскиот пазар) си купуваат таква диплома и на таа основа претендираат да добијат професорско звање

Друг вид измама се публикациите со кои обично странците ги заштитуваат своите дисертации. Има фрапантни случаи. Кандидат за повисоко звање доставил седум научни публикации. Четири од нив биле публикувани во изданија на кои тој бил издавач. Другите три биле публикувани во најпознатите изданија и тоа во краток временски период. Тоа предизвикало одредени сомненија. Тие се потврдиле при последователна проверка. Се утврдило дека странецот го скенира списанието, но брише дел од содржината и таму го впишува насловот на својата публикација. На ист начин заменувал неколку од последните страници. Сето друго било автентично. Обработката била толку мајсторски изведена, така што ниту рецензентите не ја забележале измамата.

- Бугарија стана дел од светската мафија за фалсификување дипломи - признава Петар Кендеров, претседател на Високата комисија за атестација. Тој е математичар, академик, професор, доктор по математички науки. Завршил на Московски државен универзитет. Професорот Кендеров тврди дека повеќето од дипломите испраќани за проверка во Бугарија содржат елементи од каде што се гледа дека не се издадени тука.

Како се фалсификуваат дипломите?

Со современа компјутерска техника се скенира вистинската диплома и со ист фонд се заменува името на човекот. Се впишува друга комисија, најчесто од непостојни имиња, која донела решение за степенот на звањето, се става лажен број. Тоа е до таков степен професионално направено, што странците (најголем е германскиот пазар) си купуваат таква диплома и на таа основа претендираат да добијат професорско звање.

Дека дипломата е фалсификат може да се дознае само ако се постави официјално прашање за исправноста на документот. Во спротивен случај тоа може никогаш да не се открие. Германски граѓанин напишал срцепарателно писмо до нашата амбасадорка во Германија дека си ја загубил дипломата и дека итно има потреба од дупликат. Неговата молба била проследена, но на општо изненадување се констатирало дека на такво лице и со таков број никогаш не била издадена диплома. Во текот на проверката се утврдило дека германецот успешно ја користел фалсификуваната диплома, а знаел дека таа е таква зашто за неа платил поголема сума. Ако се издаде дупликат со соодветните потписи и печати, фалш дипломата се нострификува. Многу странци го знаат тоа и се обидуваат да го заобиколат и своето и бугарското законодавство. Има и луѓе што не знаат дека вршат некакво прекршување на законот бидејќи дипломата ја купиле од фирма што е официјално регистрирана во државата. Таа практика често се сретнува во Македонија. Така купувачот бега од судска одговорност, бидејќи користел услуги на посредник.

Од друга страна, посредникот, исто така, излегува невин бидејќи тврди дека не ги познава луѓето кои ја направиле дипломата. Тој го набавил документот од трети лица и добил провизија од неговиот муштерија, но не е негова работа да изигрува детектив.

- Многу пати правиме постапки да се проследи патот на лажните дипломи до муштериите и да се констатира кои се фирмите или лицата што ги дистрибуираат, но засега немаме податоци дали се прават такви истраги во странство - коментира доцент Петар Кендеров.

Иако постои мало проретчување на фалш дипломите во споредба со изминатите години, се уште постојат десетици од нив. Странските пазари се основен стимул за фалсификаторите. Некои од пронајдените примероци може да се помешат со оригиналните, но има и мошне невешто направени дипломи, кои може да се објават во забавните страни на весниците во рубриката: „Пронајдете десет разлики“. Сите лажни дипломи откриени минатата година, на пример, се со потпис на последниот претседател на Вишата комисија за издавање атести, иако се водат дека се издадени за време на мандатот, во кој претседател е Кендеров.

- Очигледно се уште не го скенирале мојот потпис и не располагаат со него - коментира тој. Фалсификаторите се уште го користат и потписот на научниот секретар од 2000 год. Од тогаш на оваа должност се сменети пет лица. Според информацијата на Вишата комисија за атести, научните степени се продаваат поскапо отколку нормалните дипломи - цената достигнува и до 12.000 евра.

Русизмите го откриваат фалсификатот

Постои еден елемент што се повторува во скоро сите фалш дипломи пронајдени во странство, за кои се тврди дека се со бугарско потекло. Во нив постојат русизми. Фалсификаторите очигледно не ја воочуваат разликата, бидејќи наставките и падежите не им прават никаков впечаток. Во други дипломи фатени во странство имало апсурди како образовен степен „професор“.

Истражув��њето на „Политика“ констатира десетици е-меилови со суфиксот „ру“. Во еден од нив понудената цена за фалш диплома е 600 лева. Цените на лажните документи се движат од 1.000 евра па нагоре. Лицето што нуди дипломи по 600 лева тврди дека прави „промоција“, бидејќи во моментот немало големо барање и прецизира, дека оваа цена важи само до крајот на август. Рокот за изработка на лажни документи е две или три недели. Плаќањето е со кеш. Може да се договори и плаќање на рати, но дипломата ќе се добие по последната уплата.

Повеќе од 300 фалш дипломи за средно и за високо образование се откриени во приватни живеалишта во градот Перник во 2004 година. Акцијата на Националната служба за борба со организираниот криминал траела два месеца. Двајца мажи на 68 и на 47 години се обвинети откако се констатирало дека продавале дипломи по 50 лева секоја, што е рекордно ниска цена дури и за фалсификат.

Девет работилници за фалш документи се пронајдени во Софија, Пловдив, Ќустендил и во Силистра во април 2003 год. Претресените фирми се криеле зад легална консултантска дејност, а нивните канцеларии се наоѓале во крајните населби. При претресот во Пловдив се пронајдени десетици бугарски, германски, холандски и ирски пасоши, бугарски и руски дипломи, како и лични карти со слики и податоци.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................