faqja e pare      për ne          redaksia       parapagimi      marketingu       kontakt  

5.11.2011  
 Arkivi
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Македонија преплавена со фалсификуван „ум“

Република Македонија е преплавена од лажни академци, кои своите дипломи најчесто ги добиваат од универзитетите на соседните земји.

Аферата со фалсификувани дипломи беше отворена во 2002 година, кога Економскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ откри голем број лажни дипломи, и трае до денес. Иако беа откриени и пресечени неколку канали на шверц со дипломи, овој профитабилен „бизнис“ зема се поголем замав и претставува голем предизвик за државните институции. Н��јчесто, фалсификуваните дипломи доаѓаат од Бугарија и од Албанија поради фактот дека со овие две земји Македонија има потпишано билатерални договори за меѓусебно признавање на дипломите, ниската цена која ја побаруваат „посредниците“ и политичката поврзаност и блискост на некои партии од земјата со Софија и Тирана. Додека од Косово има помалку „извезувани“ дипломи од причина што земјата се уште нема потпишан договор за нострификација. Се вели дека се многу ретки случаите да се купи диплома од некои домашни универзитети, поради превисоката цена и стравот дека некој би можел да разбере за фалсификатот.

Како до диплома без напор?!

Упатените велат дека за да се дојде до диплома има два канали: оној составен од обични шверцери на дипломи и политички канал.

Граѓаните од Македонија, кои без студентски стаж сакаат да стигнат до дипломи, најчесто наоѓаат луѓе што имаат врски од универзитетот до Министерството за образование.

Целата незаконска активност за фалсификување дипломи се одвива во кругот на 5 до 7 лица, кои се наоѓаат на различни места и позиции. Групата има свои луѓе на универзитетите во Бугарија и во Албанија, кои ги издаваа дипломите со апостил, и свои луѓе во македонското МОН. Центарот на ова група се вели дека е во Гостивар, каде што функционира во вид на друштво за консалтинг услуги, и е составена од етнички Македонци и Албанци. Секој што се стекнал со бугарска или со албанска диплома им наплаќал од 6 до 10 илјади евра, зависно за кој факултет се работи.

Што се однесува до политичкиот канал за добивање дипломи, тој се вели дека е многу софистициран и не може да се открие, иако е јавна тајна дека многу видни политичари во Република Македонија се стекнале со академско звање откако веќе се етаблирале во релевантни актери во политичката сцена. Неможноста да се открие нивниот фалсификат, според упатените, се состои во тоа што тие, користејќи ги својот политички авторитет и врски, претежно дипломите „уредно“ ги добиваат од државните универзитети во Македонија, Косово, Бугарија и во Албанија. Тие уредно се запишуваат и за нив се составува лажно досие на одредениот факултет, каде што се евидентира потребниот студентски стаж, потписите, испитите и оценките, така што легално се стекнуваат со фалсификувана диплома. Со оглед на фактот дека државните универзитети се контролираат од политичките партии, се вели дека стекнувањето со дипломи и научни звања претставува лесна процедура за политичарите.

Еден професор од Економски факултет, кој сакаше да остане анонимен, изјави дека во целиот период на транзиција Македонија се соочува со лажни документи за завршено високо образование.

- Први откривме фалсификувани дипломи во 2002, кои беа издадени од универзитетите во Бугарија. Чудно беше што истите ги поминале филтрите на Министерството за образование, иако биле фалсификат. Ние ги препознавме од тоа што семестрите, оценките и потписите беа напишани со исто пенкало, а дипломите на „академците“ беа издадени во рамките на 2-3 дена. Доставивме барања до универзитетите и добивме одговор дека такви лица не се ни запишани во тие институции. Сите овие документи ги доставивме до МВР за да покрене истрага, но во тоа време не се презеде ништо. Претпоставуваме дека МВР така ќе постапи со оглед на фактот дека стануваше збор за видни имиња во државните институции, директори на реномирани фирми и политичари, кои по „скратен пат“ сакале да станат или веќе станале академци - вели професорот.

Тој информира дека во континуитет се откриваат фалсификувани дипломи, но МВР не презема ништо кога станува збор за звучни имиња.

Инаку, во овој случај, со лажни дипломи се открија Ашим Б. (50) од Гостивар, Ќазмедин М. (32) од Куманово, Дарко Ќ. (34) од Тетово, Миле М. (40) од Гевгелија, Киро Г. (35) од Делчево, Тони П. (35) од Неготино, Тони Р. (37) и Боги У. (35) од Валандово, и скопјаните Оливер В. (26), Душко Л. (48), Ибиш Н. (36), Ѓорѓи М. (40), Андреј С. (29), Лубе В. (49), Јован К. (30), Зоран Б. (30), Горан Ј. (29), Марјанчо М. (41), Констандин К. (50), Аркан К. (26), Роберт Д. (27), Стојанчо С. (28) и Рамазан Ш. (39).

Според анонимниот професор, фалсификатот првин се открил кај Ашим Б. (50), а потоа и кај другите.

- Заинтересирани беа и околу 300 други дипломирани во Бугарија и во Албанија, но по овој случај не ги доставија документите. Можеби фалсификуваните дипломи ги нострифицирале на некој друг универзитет во земјава - додаде тој.

Според официјалните податоци на Министерството за образование, фалсификувани дипломи се откриени и на Правниот факултет, Медицин��киот и на Факултетот за физичка култура.

„Дипломираните“ во Бугарија, Албанија...

Во Министерството за образование и наука ги потврдуваат информациите за фалсификуваните дипломи, но истовремено ја отфрлаат можност за вмешаноста на некој наивен службеник во процесот на нострификација на невалидни дипломи.

- Барањата за нострификација на дипломите одат до Комисијата за нострификација. Освен претставници на Министерството за образование и наука, во неа учествуваат и претставници на МВР од одделението за крим-техника. Задачата на Комисијата е да се провери веродостојноста на дипломата - вели Сузана Џамтовска, портпаролка на МОН.

Според неа, првиот начин за проверка е МОН да се обрати до институцијата од каде што е издадена дипломата за да потврди дали одредена диплома е издадена на одредено лице од таа институција. Потоа, објаснува Џамтовска, се врши експертиза на документите за да се види дали се работи за фалсификат и потоа се дава позитивно или негативно мислење за одредена диплома.

Таа информира дека од 2002 до 2006 година се одбиени вкупно 132 по основа на тоа дека не се веродостојни.

- Најголем дел од нив доаѓаат од Бугарија и од Албанија, и во помал број од Косово и од Србија. Сите овие случаи се проследени до надлежните органи, т.е. до Министерството за внатрешни работи, кое понатаму покренува своја постапка - додава Џамтовска.