прва страница      за нас          редакција       претплата      маркетинг       контакт  

5.11.2011  
 Архива
 2009
 2008
 2007
 2006
 2005

Фалсификати во Тирана увезени од Тетово

Ректорот на универзитетот во Тирана во повеќе пригоди го кренал гласот за фалсификуваните дипломи, а една од силните референтни точки бил Универзитетот во Тетово. На прашањето зошто ректорот Шезаи Рокај вели дека „многу типични случаи доаѓаат од меѓуинституционалните трансфери“. Се чини дека оваа точка го вознемирува најмногу.

- Пријавив неколку случаи. Контактирав со ректорот во Тетово и му реков оти имам сигнали од оваа природа и затоа треба да погледа како функционира нивната администрација за издавање на овие документи. Усно ми беше речено дека таму се фатени пикантни случаи. Имавме случаи кога добивавме потврда дека лицето е со статус Х во таа и таа учебна година. Од друга страна, откако баравме повторна верификација, добивавме друго тврдење. Ние повторно баравме потврда за да разбереме кое тврдење е точно, првото или второто. Во случаите кога доаѓаа вакви спротивставени тврдења ние директно ги отфрлавме - вели ректорот на универзитетот во Тирана.

Рокај кажува дека таков случај имало лани, кога и доаѓал во универзитетот во Тетово.

- Во документацијата што ни пристигна еднаш излегуваше дека станува збор за вонреден, а еднаш за редовен студент. Ни доаѓаа различни сигнали. Тој случај го пријавив јавно и во медиумите - вели тој.

Промените на ТУ направија проблеми

Ректорот Рокај верува дека преку повторните проверки и со подобар однос и информирање со универзитетите во регионот може да му се застане на патот на овој феномен. Тој вели дека најтешко време за потврдување на документите било во 2004 година, кога почнаа поместувањата во Универзитетот во Тетово, и тоа поради затворањето на Медицинскиот факултет.

- Ние испративме документација за официјална верификација, нешто што не е направено никогаш порано, имајќи го предвид искуството на меѓународните агенции. Но, не ни дојде ниту еден одговор за случајите што ги пративме во 2004. Во 2005 година, по многу чекање да ни испратат одговор, испративме наш човек, кој во регистрите верифицираше кој навистина бил нивниот статус. Во предлозите до нас имаше простор за многу злоупотреби, многу прекршоци, кои ние ги откривме - раскажува ректорот. Тој вели дека од 30 барања за трансферирање, 4 или 5 биле со фалсификувани документи. Ова и отвора врата на злоупотребливоста на државата, вели ректорот, и објаснува дека во последниве две години е применет еден многу добар филтер на потврдување со институциите во Македонија и Косово, но и со 5-6 меѓународни агенции, кои во САД, Канада, Грција и во Италија, каде што се поставени дописи за потврдите на резултатите на тие што се заинтересирани понатамошното школување или вработување да го остварат во овие земји.

Слабости на казнената политика

Но дали е доволен овој филтер за да им се застане на пат на злоупотребите на стотици лица што употребуваат фалсификувани документи? Рокај вели дека речиси во сите случаи каде е констатирано дека лицето презентира фалсификувани документи за школување, кон тоа лице се презема максимална казна а тоа е бркањето од установата. Тие не сносат никаква кривична одговорност. До денес во Албанија се гонат само произведувачите на фалсификувани документи.

Албанската полиција често пати преземала акции за апсење на многу фалсификатори и уништување на нивните мрежи. Една голема акција беше преземена во 2002-2003, а веднаш по неа следуваше период на краток мир или тајност.

Преземете ја RSS верзијата на
вестите на
PressOnline
...............................





"""


И с т р а ж у в а ч к о
н о в и н а р с т в о
...............................


................................